Porsche Panamera – Најпосакуван Автомобил во Македонија

Златно Тркало е веб базиран избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија на кого, за 14 дена, гласале вкупно 20.510 лица.

Според пропозициите, гласањето се одвиваше преку сајтот www.zlatnotrkalo.mk по категории, а на листата беа нови автомобили презентирани на нашиот пазар во последните 12 месеци, за кои импортерите изразиле интерес за учество. Во функција на организатори и презентери на новитетите се порталите www.avtoplus.mk / www.carclub.mk / www.carbyvik.mk и јутуб каналот rpm.mk, заедно со партнерскиот www.biznisinfo.mk, кои со свои тестови, објави, постови и видеа на сите социјални мрежи, ги претставија кандидатите пред македонска публика. Креатор на изборот е најстариот автомобилски медиум кај нас Авто Плус, кој оваа година одбележува 30 години непрекината работа.

Главната награда „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ ја освои Porsche Panamera со 39.90% од гласовите. Во категоријата Најпосакуван премиум Автомобил во Македонија победи Audi Q8 со 46.20% од гласовите. 29.49% од гласовите беа доволни Mazda CX-60 на стане Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија. Opel Corsa убедливо триумфира како Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 47.53%, додека  за Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија најмногу гласачи, вкупно 31,22% обезбеди Volkswagen ID.7

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER