Porsche го скроти зелениот пекол (со видео)

Porsche го скроти зелениот пекол

После 35 години, падна апсолутниот рекорд на Нирбургринг
Објавено на 29 јуни 2018 година

Има рекорди и рекорди, но оние постигнати на Нирбургринг се најценети. Посебно апсолутните, како што беше оној на Штефан Белоф постигнат со Porsche 956 C во 1983 година, кога зелениот пекол падна за 6 минути и 11,13 секунди. Не е случајно што остана цели 35 години, ниту пак што сега беше соборен повторно од Porsche – овој пат со двократниот Леман шампион Тимо Бернхард зад управувачот. Уште помалку е случајно што 154-те свиоци на фамозната 20,8 километарска патека паднаа со просечни 233,8 km/h за време од 5 минути и 19,55 секунди, односно за цели 51,58 секунди побрзо отколку што тоа го стори Штефан Белоф. Целата заслуга за оди кај перфектно подготвениот 919 Hybrid Evo, чиј дволитарски турбо V4 мотор електрично засилен на 1.160 коњски сили го дотера до максимални 369,4 km/h на патеката.

Погледнете како тоа изгледаше.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER