Кога заљубениците во Porsche го слават својот роденден тоа е спектакл не само за членовите на клубот туку и за сите што го видоа нивното дефиле низ градот.
Порше клуб Македонија го прослави својот трет роденден, а главната церемонија се случи во Порше Центар Скопје.
Таму беше вистински празник за очите бидејќи можеа на едно место да се видат примероци од многу генерации на спортската германска марка, најмногу од иконата 911. Се разбира, присутни беа и моделите Cayen, Boxter, Panamera и најновите електрични Taycan и Macan.
На членовите на Порше клуб Македонија им го честитаме љубилејот, им посакуваме да продолжат со успешните активности и нека им се множат годините!