Цивилниот Porsche 917 за 50-тиот роденден добива наследник (видео)

Porsche во 1975-тата го шокираше светот кога чистокрвен болид за Леман преработи за легална употреба на патиштата

Водени со славата што 917 ја стекна со своите неприкосновени победи на трките  во издржливост, инженерите на Porsche на барање на италијанскиот бизнисмен Грегорио Роси ди Монтелера, тогашниот претседател на дистилеријата Martini, го преработија болидот со број на шасија 30 за тој да може да ужива во возењето со него во редовен сообраќај.

Возилото според законот доби ретровизори, мигавци, сирена, резервно тркало и придушувач во издувниот систем, како и покомфорно ослонување, но во душата остана чистокрвен тркачки болид за Леман серијата. Затоа и никој во Европа не се осмелуваше да му издаде хомологација, по што грофот Роси го однесе преку океанот и го регистрираше во Алабама.

Тоа и денес е во возна состојба и во сопственост на семејството Роси. Сега историјата се повторува – компанијата од Цуфенхаузен ќе го направи истото со 963. Како, ќе дознаеме идниот месец.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER