По финиширањето на развојот и повеќе од пет милиони километри поминати во тестирања, првиот Porsche 911 со хибриден погон е подготвен за сериско производство.
Ова е прв пат во 61 годишната историја на иконскиот 911 да добие електрична погонска поддршка. Иновативниот Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен.
Тоа се докажа на тестирањето и дотерувањата на Нирбургринг Нордшлајфе. Таму бренд амбасадорот на Porsche, Јорг Бергмајстер, го комплетираше кругот од 21 километар за 7:16.934 – 8,7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел.
Тест возилото беше опремено со стандардни пневматици, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција за неколку моделски генерации и кој обезбедува зголемена надолна сила при големи брзини.
Porsche не оставивме ништо на случајноста за време на развојот и тестирањата под секакви услови низ целиот свет. Од замрзнување до огромна жештина, како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи.
Без разлика дали е со голема погонска тежина во услови на планински премини или во сообраќајот во урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Деталите за Porsche 911 Performance Hybrid ќе бидат објавени на неговата официјална премиера закажана за 28-ми мај.