Porsche 911 Cabriolet (со видео) :: Подготвен за лето

Новитети

Подготвен за лето

Не поминаа ни два месеца од претставувањето на новиот 911, а од Porsche веќе ни ја сервираа и неговата кабриолет изведба
Објавено на 10 јануари 2019 година

Славен по многу нешта, Porsche 911 е легенда која сама се избори за тој статус. Значајна улога во тоа имаше и неговата кабриолет верзија, која Porsche ни ја сервираше помалку од два месеца по претставувањето на новата генерација на 911. Препознатливоста на неговата силуета целосно е задржана, а платнениот покрив автоматски се спушта за едвај 12 секунди. Има исклучително цврста и лесна структура со внатрешни лакови од магнезиум, со што се анулира ефектот на балон при високи брзини. За возење без турбуленции во кабината ќе се грижи подвижниот дефлектор.

911 Cabriolet ќе се нуди само во S изведбата, со трилитарскиот мотор со 450 коњски сили и 8-степен PDK менувач со две спојки. Купувачите ќе можат да бираат само дали ќе има погон на задните или пак на сите тркала. Од Porsche ветуваат повеќе уживање во спортското возење заради поголемата торзиона цврстина на каросеријата и активното ослонување. Со оваа опција 911 Cabriolet е за 10 mm поблиску до асфалтот, што придонесува за неутрално однесување во свиоците. Колку навистина, првите купувачи ќе дознаат на почетокот на ова лето.

Видео

клучни зборови: ,