Porsche го зголеми учеството во Rimac Automobili

Porsche го зголеми учеството во Rimac Automobili

Објавено на 7 септември 2019 година

Два дена откако Porsche на светот му го претстави својот прв електричен автомобил Taycan, германскиот производител објави дека го засилува партнерството со Rimac Automobili со зголемување на своето учество од 10 на 15,5 отсто. Што значи ова за хрватската компанија не треба да се споменува – за Porsche тоа ќе значи обезбедување сериозни развојни капацитети со кои ќе се гарантира технолошки напредно зголемување на електричната гама возила. Стручноста на 31-годишниот Мате Римац и неговиот тим е неспорна, не само во поглед на погонските склопови, односно батериите, моторите и инверторите. Година дена одблиску следејќи го позитивниот развој на компанијата Rimac, на Porsche му стана јасно дека можат доста да научат од нив, така што зголемувањето на учеството и проширувањето на соработката беше прилика што не смееше да се пропушти. Развојот на настаните Rimac ќе го искористи за значително зголемување на производството на компоненти и обемот на работење, во кој освен погонски ќе бидат вклучени и напредни инфо-забавни и конективни системи. Компанијата во моментов го довршува развојот на суперавтомобилот C_Two, кој треба да започне да се произведува догодина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER