Флота од 56 бели автомобили Porsche, класични и модерни, беа продадени за 30,5 милиони долари.
Колекционерот што со децении ја комплетирал својата гордост решил да ја продаде на аукција. Како и продавачот, така и купувачот сакале да останат анонимни. Аукцијата била организирана од RM Sotheby’s во магацинот опишан од аукционерите како „Засолниште на Порше“ во Хјустон, Тексас.
Местото на одржување било комплетно бојадисано во бела боја, а посетителите требале да носат чорапи или заштитни чизми. Главната атракција на колекцијата беше Porsche 918 Wiessach Spyder од 2015 година, кој достигна цена од 3,94 милиони долари, што беше околу еден милион долари над проценката, која беше помеѓу 2,5 и 3 милиони долари.
Тоа не е изненадување бидејќи хибридниот суперавтомобил, кој се смета за круна на колекцијата, доаѓа со посакуваниот пакет за перформанси Wissach и опции во вредност од околу 100.000 долари. Каросеријаат е офарбана во Гран При бела.
Километражата покажувала само 19 километри. При испораката, Porsche Exclusive Manufaktur, наводно, побарал од сопственикот да ги чува спецификациите во тајност, бидејќи нема да можат да пуштат друг таков. Цената вклучуваше соодветен кожен багаж и тркачко одело. Три други модели на Porsche беа продадени за над 2 милиони долари секој.
Ексклузивната листа вклучува Porsche 911 GT2 од 1997 година во Глечер бела боја, кој првично беше испорачан во Јапонија. Моделот сега беше продаден за 2.297.500 долари. Тјунираното Porsche Carrera RSR 3.8 од 1993 година, изградено од Porsche Motorsport, еден од двата примероци некогаш направени беше продаден на аукцијата за 2.073.000 долари.
Во меѓувреме, 911 Carrera RS 3.0 од 1974 година, наводно најдобро зачуваниот од само 55 единици некогаш изградени, ја заокружи листата со достигнати 2 милиони долари. Заклучок на водачот на аукцијата е дека сите возила високо ги надминале нивните проценки пред аукцијата. Колку што е познато никогаш не била понудена така импресивна колекција на бели автомобили.