Пет години подоцна од планираното, Polestar конечно започна да се продава во Франција
Причината за доцнењето беше противењето на Citroen заради сличноста на логото на марката со она на DS. Иако далеку од тоа да се помешаат Французите се заинатија а Швеѓаните не сакаа да попуштат и да го изменат или пак продаваат своите автомобили без него, по што следеше тужба. Страстите конечно се смирија и Polestar сега започнува со освојување на својот 28-ми пазар. Во понуда ќе бидат три модели кои ќе се пласираат со комбинирана стратегија, он-лајн и во продажни салони кои ќе ги има десетина а за нив ќе се грижи сервисната мрежа на Volvo.



