Polestar 2 – Нов дух за 2024

Сакајќи да ги прослави 150.000 продадени автомобили, Швеѓаните подготвија  рестајлинг за 2024

Производството на Polestar 2 започна во 2020 година и брзо се етаблира како еден од пофините премиум електрични возила на пазарот.

Неговата популарност е најголема во Обиденитото Кралство каде се продадени повеќе од 20.000 примероци во последните три години. Покрај тоа, Polestar таму е најбрзо растечкиот бренд во првите седум месеци од 2023 година и продажбата се зголеми за 174% во споредба со истиот период минатата година.

Целта е да се зголемува пласманот на сите пазари, па по тој повод, за моделската 204 година Polestar 2 доби подобрен пакет батерии, поголем опсег и нов основен модел, сега  со погон на задните тркала.

Визуелните промени започнуваат на предницата, каде што Polestar ја смени вештачки сјајна црна решетка во корист на решетка со боја на каросеријата во која се сместени повеќето сензори ADAS. Најважните измени се направени под кожата.

Polestar 2 доби нов пакет батерии од 82 kWh од кинескиот производител CATL кои поддржуваат брзо полнење од 205 kW. Автономијата на верзијата со еден мотор е зголемена на импресивни 635 километри, додека онаа  со двоен мотор има дострел од 592 км.

Клучната промена направена на Polestar 2 е тоа што моделите со еден мотор сега се со погон на задните наместо со погон на предните тркала и имаат нов електричен мотор со 295 КС и 490 Nm, што е зголемување од 67 коњи и 160 Nm. Останатото е задржано. А зошто би се менувало кога функционира перфектно?!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER