Piaggio Ape :: Нова душа за стариот работник

Нова душа за стариот работник

Уникатен до бесвест, доставниот трицикл на Piaggio се појави пред седум децении и сé уште одолева на забот на времето

Објавено на 30 јануари 2019 година

Замислен како ултрапрактична доставна варијанта на легендарната Vespa, со текот на годините изгледот на Piaggio Ape ретко се менуваше а механиката уште поретко. Тајната формула за неговата вечна младост ја знаат само Италијанците, кои за годинава го освежија со нов мотор кој ги задоволува построгите стандарди за емисиите. И понатаму има два такта, 50 кубни сантиметри и едвај две ипол коњски сили. Piaggio Ape дизајнерски е освежен и сега има ЛЕД светла и нови калници и ретровизори, а инструмент таблата е целосно ревидирана. Има носивост меѓу 145 и 185 килограми во зависност од изведбата, а место бројка во графата за максимална брзина стои дека таа е во законските лимити. Цената во Италија му изнесува 5.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER