Peugeot Sport – Доби еколошки сертификат со три ѕвездички

Peugeot станува првиот производител на автомобили учесници во WEC одборот, кој ја добил престижната еколошка оцена на FIA

Еколошката акредитација со три ѕвезди ја доделува FIA на организации кои се залагаат за заштита на животната средина, намалување на емисијата на јаглерод и воспоставување одржливи практики во автомобилскиот свет. Ова признание доаѓа по ригорозниот процес на евалуација управуван од FIA, кој разгледува голем број различни критериуми.

Најновата сертификација на Peugeot Sport е дел од целокупната глобална политика на групацијата Stellantis кога станува збор за енергетска транзиција. Исто како и FIA (Меѓународната автомобилска федерација), групацијата Stellantis работи напорно неколку години на глобалните влијанија врз животната средина. Како дел од оваа заложба, на Peugeot Sport му беше доделен еколошки сертификат со три ѕвездички од FIA. Со ова Peugeot стана првиот производител на автомобили во светскиот шапионат на трките за издржливост (WEC) организиран од FIA кој го доби ова признание.

Ова е второ признание за Peugeot Sport. Првот беше Low Carbon Award (Наградата за ниска емисија на јаглероден диоксид) на WEC минатата година, по која Peugeot Sport дополнително ја истакна важноста на развивање на своите еколошки иницијативи. Ова признание на FIA, совршено се вклопува во стратегијата на групацијата Stellantis за намалување на стакленичките гасови, утврдена во планот „Dare Forward“ кој има за цел да се постигне јаглеродна неутралност до 2038 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER