Peugeot – Се подготвува ли Е-208 GTi?

Следната генерација на 208 може да ја оживее иконската GТi изведба

Peugeot има неколку иконски модели меѓу кои на пиедесталот е 205 GTi.

Peugeot 205 GTi 1993

Во својата кариера беше еден од најпродаваните во својата класа, но за спортските фанатици поважен беше фактот што царуваше на рели натпреварите и беше лут ривал на сонародникот Renault 5 Turbo.

R5 Turbo 3E

Неодамна Renault ja лансира ретро-футуристичката реинтерпретација R5 Turbo 3E со два електрични мотори поставени на задните тркала со моќност од 507 КС! Многу логично е да се донесе слична одлука во управниот одбор на Peugeot. Идната генерација на Е-208 би можела да користи, ако не повеќе, електричен мотор со 278 КС веќе аплициран во моделите на Abarth 600e Scorpionissima, Lancia Ypsilon HF и Alfa Romeo Junior Veloce.

Peugeot 208 Racing

Бидејќи има уште неколку години додека дојде новата генерација на Е-208, се очекува 2027 или 2028 година, многу е извесно дека веќе постојат планови да се вклучи како Peugeot Sport Engineered модел и повторно да ја разгори конкурентноста со сонародникот. Секако дека РЅЕ третманот би можел да донесе можеби повеќе сила отколку сегашната на R5 Turbo 3E.

Peugeot 208 Racing

Доколку се употреби истиот рецепт, два електро мотори, тогаш Е208 GTi теоретски би имал повеќе од 550 коњи! Без оглед дали ознаката би била PSE или GTi, вистината лежи во тоа дека автомобилот би го конструирал Peugeot Sport Engeneered и би имал значителни разлики во однесувањето во однос на стандардниот Е-208.

Не мора да се оди во екстрема, како што тоа се направи направи со R5 Turbo 3E. Доволно би било да се види како Peugeot ги брка Alpine A290 GT и Mini JCW Electric. Пазарот на мали „жешки“ хечбеци се враќа на сцената без оглед што тие се електрични, но и значително по динамични од своите бензински донатори.

Но ова е само наше видување на работите произлезено од следењето на климата и изјавите на челниците на Stellantis.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER