Peugeot – Новиот 308

насловна Новитети

Калибар 308

Потполно новиот компакт доаѓа наоружан со тешка електроника

објавено 18. март 2021

За многумина помалку неразумно Peugeot ќе го лансира новиот 308 подоцна оваа година. Тоа е само девет месеци по преставувањето на редизајнираната сѐ уште актуелна 308?! Дека се работи за сосема нова генерација покажуваат архитектонските податоци.

Компакот визуелно се угледува на дизајнот на успешниот 208 прилагоден на значително поголемите пропорции. Основата е зголемена за 5,5 сантиметри и ја носи, исто така, зголемената каросерија. Купеовската контура ја нагласува за два сантиметри понискиот покрив, но должинското растегање бележи единаесет сантиметри и сега достига 4, 36 метри. Ваквото проширување овозможи значително повеќе простор отколку кај претходникот на чија адреса беа упатени најмногу критики за просторот за нозете на задната клупа и багажникот.

Силниот аргумент на интериерот е I-Cockpit, кој е распореден на ниво на очите, има 10-инчен дигитален панел кој е основа за 3-D приказ во повисоките верзии на опременост. Кластерот на инструменти е целосно дигитално конфигуриран и прилагодлив. Воланот има сензори кои можат да го детектираат ”гардот“ на возачот на воланот кога се ангажирани новите асистенти за возење. Централниот екран на допир ги има истите десет инчи како I-Cockpit-от.

На почетокот на продажбата, која најверојатно ќе започне на есен, не е најавена потполно електрична изведба. Основата на моторизацијата е 1,2 литрениот три цилиндричен PureTech мотор во верзии од 110 и 130 коњи. На него се надоврзува популарниoт 1,5 литрен BlueHdi со 130 КС. Стандарден е шест степен мануелен менувач а опционален е осум степениот автоматик. Љубителите на Peugeot се навикнати серијата 300 да има потентни изведби. Во минатото посластица беа изведбите XSI, S16 и GTI кои имаа впечатлива моќност. Таквото портфолио се задржува со помош на хибридизацијата на PureTech мотори од 150 и 180 коњи.

Вкупната сила од 180, односно, 225 КС за посилната верзија се пренесува на предните тркала. Вградената Литиум-јонската батерија има капацитет од 12,4 kWh и овозможува возење до 60 километри исклучиво на струја. Традиционално силна страна на ”лавот од Елисејските полиња“ е конективната технологија и активните асистенти на возењето кои се засилени со полуавтоматско менување на лентата, што сугерира на возачот да го престигне возилото однапред и по престигнувањето повторно да се врати назад во почетната лента, како и автоматско прилагодување на брзината во свиоци. За асистентите за безбедност може да одвоиме многу време но на крајот ќе дојдеме до истиот заклучок, а тоа е дека тие се вградени да дозволат пријатни, релаксирани патувања придружени со удобна амортизација, изразена агилност и атлетска појава. Едвај чекам да ги проверам најавените манири. За цената и спецификите за пазарите ќе известиме кога ќе пристигне кај нас. Во секој случај новиот 308 дека ќе стане сериозна алтернатива на досегашната понуда во сегментот.