Peugeot – нов идентитет

Top News

Лавот доби нов портрет!

Од 1850 година Peugeot го менува знакот по десетти пат

објавено 25. февруари 2021

Согласно со формирањето на групацијата Stelantis сите негови марки подготвија пригодни изненадувања. Најинтересно е она што го покажа денеска Peugeot. Новото лого претставува едноставен графички приказ на глава на лав и, корегирајте не ако мислите поинаку, се прикажува уште еднаш како број еден во ново формираниот брак на групациите PSA и FCA. Ново поставената кормиларка на ”лавот од Елисејските полиња“ Линда Џексон, скромно кажа дека знакот е дел од еволуцијата на најстариот постоечки автомобилски бренд и во потполност одговара со сегашните, но и моделите што доаѓаат. Новиот знак на хаубата прв ќе го понесе новата генерација на Peugeot 308 која ја очекуваме наскоро.