Peugeot ја разубавува есента со најновата лавовска понуда

Peugeot во Македонија ја лансира својата најнова кампања со која на клиентите им нуди повеќе избор, повеќе стил и повеќе престиж

Четири модели ја предводат понудата – градскиот шармер 208, најпосакуваниот SUV 2008, динамичниот 408 и хедонистичкиот 3008, сите достапни по нови цени. Ова е вистинскиот момент да се доживее возењето на Peugeot – комбинација на француски дизајн, напредни технологии и удобност без компромиси. „Peugeot отсекогаш симболизирал елеганција и динамика. Allure, тоа е симболот кој се врзува до нашите модели. Со својот фасцинантен надворешен дизајн, i-Cockpit во внатрешноста, напредните технологии, спортскиот управувач и богатата опременост, моделите на француската марка имаат многу елементи со кои се одвојуваат од другите и се вклопуваат во повискоите категории возила. Нашата цел е Peugeot да го направиме поблизок и подостапен за што поголем број возачи во Македонија“, изјави Томислав Нафидов, бренд менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

„Со оваа кампања моделите на Peugeot уште повеќе се приближуваат до секој еден потенцијален клиент, правејќи посакуваното да стане реалност. Peugeot е блиску до секој возач – од оние кои бараат практично градско возило, до оние што сакаат SUV или модерен автомобил. Ве покануваме да ја откриете понудата во нашите салони. Сите модели се достапни за пробно возење и Ве очекуваме во нашите салони“, изјави Мимоза Марковиќ, продукт менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

Секој модел е подготвен за тест возење во салоните на Peugeot во Македонија, каде клиентите ќе можат да ја почувствуваат разликата уште од првиот момент зад управувачот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER