Peugeot E308 – Добива посилен мотор

На есен ќе биде лансиран ревидираниот E-308 со помоќниот мотор од 115 kW

Ажурирањата кај електричните автомобили стануваат се почести. Со цел да остане актуелен Peugeot за Е-308 обезбеди посилен мотор со кого популарниот компакт ќе има автономија до 412 километри.

Наречен „Прво издание“ тој се заснова на највисокото ниво на опременост GT и се испорачува во бела боја. Моделот, меѓу другото, има специјален тапацир за седишта изработен од триматеријална ткаенина со украсни шевови во зелена боја и предни потпирачи за глава со знакот на марката.

Покрај стандардните LED матрични фарови се нуди грење на волан и бројни системи за помош. Новиот Peugeot E-308 ќе се произведува во Франција, а ќе се испорачува од септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER