За само шест месеци продажба Peugeot E-3008 го нарачале повеќе од 100.000 клиенти!
Peugeot E-3008 доживува голем комерцијален успех. Тој ја надмина границата од 100.000 нарачки од неговото лансирање. Овој успех се должи и на изборот погони. Достапен е со благ хибриден погон, како приклучен хибрид и целосно електричен погон.
Интересно е што електричната верзија сочинува 22% од продажбата на 3008. Оваа бројка е повисока од просекот во сегментот и достигнува рекордни нивоа на одредени пазари: 37% во Холандија, 34% во Белгија и 31% во Велика Британија. Електричната гама има верзија од 210 КС со батерија од 73 kWh (комбиниран опсег до 529 км WLTP) и верзија со долг опсег од 230 КС со батерија од 96,9 kWh (комбиниран опсег до 701 км WLTP).
Годинава ќе се лансира и верзијата E-3008 Dual Motor. Peugeot 3008 е најбаран во Франција каде се продадени 35.000 примероци, следи Велика Британија со 25.000 парчиња и Германија со 9.000 единици.
Друг значаен аспект од овие први месеци на комерцијализација на Peugeot E-3008 е големата побарувачка за врвното GT ниво на опременост, кое во просек претставува 60% од нарачките (и дури 85% во Велика Британија), потврдувајќи го нагорното движење на брендот Peugeot на пазарот.