Peugeot E-208 – Зголемена автономија

Најпродаваниот модел во Б-сегментот на БЕВ во и Европа сега може да се пофали со зголемен опсег до 433 километри во комбиниран циклус според WLTP за верзијата опремена со мотор од 156 КС (115 kW), што претставува подобрување од 23 км. За да обезбеди целосен мир и спокој за своите клиенти, сега E-208 сe опремува со Trip Planner. Во комбинација со поврзаниот навигациски систем (достапен како опција), оваа функција ги планира патеките на возење, на оптимален начин, за да го максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. За пресметување на идеалната рута, системот ги зема предвид растојанието што треба да се помине, нивото на наполнетост на батеријата при поаѓање, посакуваното ниво на наполнетост при пристигнување и достапните полначи во близина на дестинацијата, земајќи ја предвид потрошувачката на енергија според различни критериуми, како што се брзината, сообраќајот, типот на патот и надморската височина. Воведувањето на функцијата „80% лимит на полнење“, достапна при полнење со наизменична струја, исто така овозможува приспособување на нивото на наполнетост според дневните потреби. Покрај зголемената автономија на Е-208, Peugeot ја зголеми силата на хибридните погони за 10 КС, па сега 208 со благ хибрид располага со 110 и 145 КС. Со направените модификации на хибридниот погон веќе е исполнет стандардот Euro 7.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER