Peugeot за одредени пазари нуди осум години или 160.00 изминати километри гаранција за своите БЕВ
За да им обезбеди мир на своите купувачи и да ги поттикне повеќе да се посветат на 100% еколошката мобилност, Peugeot ја прошири Allure Care програмата на сите електрични автомобили. За разлика од порано кога таа ги покриваше само батериите, со неа сега се опфатени сите погонски компоненти – електромоторот, полначот, преносниот систем но и главните механички склопови. Со тоа француската марка прва од Европа ги гарантира квалитетот, издржливоста и трајноста на своите електрични модели 8 години или 160.000 километри. Со неа се опфатени сите сегашни и идни патнички автомобили на електричен погон – од 208 до 5008, но не и Rifter, Traveller и доставните модели. За почеток оваа програма целосно бесплатно ќе ја добијат купувачите во само осум земји меѓу кои не е Франција. Компанијата се воздржа да ги објави причината за ваквото ограничување, како и да даде најави кога еднакви услови ќе важат насекаде каде се продаваат нејзините возила.