Има сè!
Од Еуроимпекс најавуваат целосно нови летни цени за двата најпосакувани модели од Peugeot
Објавено на 10 јуни 2019 година
И тоа – Peugeot 208, компактно градско возило кое се издвојува од останатите во сегментот и освојува со својот динамичен и елегантен дизајн, посакуван од секој учесник во сообраќајот, како и 2008 кој е најмал во гамата на SUV возила, а истовремено урбано и моќно возило, се издвојува од толпата со неговиот самодоверлив дизајн и е создаден да совлада сè. Двата модели се понудени со докажаниот 1.2 Pure Tech Мотор со 82 KS и Active ниво на опременост. Со цел на исполнување на слоганот кој го носи оваа кампања „Има сè”, во опремата се вклучени богати системи за безбедност и помош при возење, дополнителни елементи за удобност и комфор на возачот и патниците, како и патен компјутер, автоматско заклучување на возилото при тргнување, висинско подесување на возачко седиште, преклопна и делива задна клупа 2:1 со 3 наслони за глава, 2 Isofix приклучоци за седиште, рачки и ретровизори во боја на возилото, Hill Assist, заден спојлер, електрично подесиви ретровизори со греење, 3-Д ЛЕД задни светла, ЛЕД дневни светла, мануелен клима уред, Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез, управувач пресвлечен со кожа, предни светла за магла и друго.
Количините се ограничени, а за повеќе информации обратете се во продажно-сервисната мрежа на Peugeot или на www.peugeot.com.mk и закажете тест возење. Повеќе за понудата на https://peugeot.mk/ponudi/active-drive.