Ракавица во лице на германските ривали
Новиот 208 нема да биде единствената премиера на штандот на францускиот производител во Женева
Објавено на 25 февруари 2019 година
Peugeot покажа во кој правец оди развојот на марката со лутиот концепт 508 Sports Engineered. Неговиот хибриден погонски склоп располага со 400 коњи, од кои половина доаѓаат од 1,6 литарски бензинец а другата половина од два електромотора. Пренесени на асфалтот преку сите 4 тркала ќе го забрзаат до 100 километри на час за само 4,3 секунди. Кога пак ќе се вози питомо, ќе помине 50-тина километри без капка бензин. Во споредба со стандардниот 508 има модификувано ослонување, проширени траги на тркала и подобрена управливост. Агресивно дизајнираната надворешност е зачинета со спортскиот ентериер во кој впечатливи се седиштата и мноштвото алкантара и карбон. Дали и кога ќе пристигне во продажните салони на Peugeot станува да видиме.