Peugeot 508, први фотографии
Без зборови!
Објавено на 22 февруари 2018 година
Се појавија првите фотографии на Peugeot 508, засега неофицијални. Но биле официјални или не, мора да признаеме дека она што го гледаме е прекрасно имплементирање на концепт линиите на ланскиот Instinct какво што ретко имаме прилика да видиме. Со припитомувањето на неговиот футуристички стил е добиена спортско-елегантна лимузина која просто плени со својот дизајн, оставајќи без зборови. Затоа засега ќе ве препуштиме на неговите фотографии.