Peugeot 5008 – Пристигна кај нас

Атрактивен дизајн, релаксирачка внатрешност, просторност, модуларност и три верзии на погон

На првата средба со 5008 во салонот на Еуроимпекс се потврдија ветувањата што Peugeot ги даде при лансирањето на новата генерација на својот голем кросовер.

Појавата на новиот Peugeot 5008 е магична. Тој е 15 сантиметри подолг од претходникот и се протегнува на вкупно 4,79 метри должина поставени на 2.890 мм меѓуоскино растојание. Платформата STLA Medium овозможува употреба на мотори со согорување и потполно електричен погон. Затоа ќе бидат понудени опции со 48 волтен хибрид како и приклучен хибрид. Првиот ќе го користи ревидираниот бензински три цилиндерски мотор од 136 КС впарен со шест степениот автоматскиот менувач со двојна спојка.

Моделот ќе ја носи ознаката 5008 Hybrid 136 e-DCS6 и во урбан циклус на возење ќе може до 50% од километражата да се движи на струја. Приклучниот хибрид  ќе користи батерија со зголемен капацитет која ќе го храни 92 киловати силниот електро-мотор повеќе од 80 км. Под хаубата сместен е четири цилиндерски турбо-бензинец од 150 коњи, а вкупната моќност изнесува 192 КС. Оние што се поклоници на електричните возила нарачувајќи го е-5008 ќе може да бираат помеѓу три нивоа на моќност, два капацитети на батерии, изведба со двоен мотор со погон на сите тркала и сериски ќе има седум седишта во три реда.

Без оглед на изведбата понудена е пет годишна гаранција или поминати 160.000 километри, додека за електричните верзии гаранцијата на батеријата е осум години, период во кој капацитетот нема да се спушти под 70%. Peugeot 5008 се произведува во една од најстарите фабрики на марката во Сошо, Франција. Повеќе информации ќе добиете во продажно-изложбениот салон на Еуроимпекс.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER