Како да ги разберете жените?
Прашајте го Peugeot!
Веќе стана традиција на Светскиот ден на жената да се објавуваат резултатите од изборот на „Светски женски автомобил на годината“. Жирито составено исклучиво од припаднички на понежниот пол посветени на автомобилското новинарство помеѓу своите шест финалисти за лауреат го избра Peugeot 308! Оваа титула има специфична тежина бидејќи преставува победник меѓу победниците. Како прво пласиран во селекцијата за „Урбан автомобил“, францускиот лав во финалето влезе со уште пет возила од различни категории. Таму освои најмногу поени од 56-те колешки. Во нивните изјави најмногу се споменува изгледот, чувството во кабината, возачкото искуство, изборот на погони, опременоста, конективните и безбедносните технологии.

