Peugeot 308 » Вози се со Style!

Вози се со Style!

Објавено на 22 ноември 2019 година

„Кога сте зад управувачот на Peugeot 308, допирот со патот претставува задоволство како никогаш порано. Дозволете смелиот и елегантен дизајн да го зајакне Вашиот карактер” – ова е пораката со која Еуроимпекс ги повикува потенцијалните клиенти да искусат едно незаборавно возење со Peugeot 308. Истакнатите линии на каросеријата и робусниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Па така и 308 не е исклучок. И надворешно и внатрешно, посветено е внимание на секој детаљ. Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го инкорпорира исконското лого на Peugeot брендот – 308 веднаш привлекува сечие внимание. Како модел кој е веќе докажан на пазарот и посакуван од купувачите, овој пат е во понуда со Peugeot i-Cockpit, Style ниво на опременост и 1.2 Pure Tech мотор со 110 KS за 15.990 евра. Тест возења се достапни за закажување на телефон или директно од веб страницата https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот и сабота од 10:00 до 14:00 часот. За повеќе информации посетете ги во продажните салони во Еуроимпекс или обратете се до нивната овластена дилерска мрежа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER