Авторитативниот настап на знаменосецот на гамата 3008 е наметнат со повеќе фактори. Изразено спортската кројка е проследена со извонредно атрактивниот интериер исполнет со задолжителните дисплеи. Системската моќност од 300 коњи и погонот на сите тркала се за почит, особено електричната автономија во урбани услови на возење до 50 километри. Но… Секогаш постои едно „но“!


