Peugeot 3008 & 5008 добија зголемена електрична автономија

Peugeot ја прошири понудата  за кросоверите 3008 и 5008, со нов приклучен хибрид и зголемена батерија за електричната верзија

Дека сериозно верува во електричниот погон Peugeot ни докажува со новите изведби на своите кросовери. Новиот погон со приклучен хибрид се состои од ажурирана верзија на 1,6 литарски четири цилиндерски турбо-бензинец PureTech и електричен мотор моќен 125 КС сместен во седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Комбинираната моќност изнесува 195 КС и 350 Nm вртежен момент.  Новиот PHEV е помалку моќен во споредба со неговиот претходник, но нуди подолго возење со нулта емисија. Поконкретно, батерискиот пакет од 21 kWh овозможува опсег според WLTP од 84 км, а полнењето на батеријата се одвива за 2 часа и 45 минути. Возачот има пристап до три режими на возење и тоа хибриден, електричен и спортски.

Истиот погонски агрегат е достапен и за поголемиот Peugeot 5008. Благодарение на архитектурата STLA Medium, новите PHEV имаат идентичен простор за багажникот со нивните изведби со благ хибрид. За потполно електричните верзии на 3008 и 5008 сега се нуди и поголема батерија со капацитет од 96,9 kWh која овозможува автономија до 700 км.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER