Peugeot 3008 – освежување за пример

Новитети

Стилски и технолошки земјотрес

Втората генерација на Peugeot 3008 е освежена на најдобар можен начин, со многу стил и модерна технологија

објавено 01 септември 2020

Сакајќи да остане во тренд кого го најави со своето доаѓање, 3008 покажа дека реинтерпретирањето на дизајнот можа да биде подеднакво возбудливо како и правење на нов модел. По лансирањето на втората генерација и понесувањето на титулата европски автомобил на годината интригантното спортско-корисно возило најде 800.000 купувачи. Доколку се земе во предвид дека неговата цена отскокнува од просекот во класата тоа може да се смета како одличен успех. Со рестајлингот Peugeot го засили имиџот на 3008. Дизајнерскиот јазик доби нова интерпретација на слобода но и поврзаност. Тоа се потврдува преку новата маска на ладилникот чија форма е слободна. Таа флуктуира на предницата без никакви граничници и рамки симболизирајќи го модерниот стајлинг кој слободно навлегува во сите смерови. Впечатокот на недефинираност на формата навлегува околу светлосните групи и ги обединува сите елементи кои ја формираат предницата. На целата слика придонесуваат рестилизираните фарови за да се зголеми агресивниот потпис. На задниот дел пак не се менувани дефинираните форми, само се истакнуваат нагласените отпечатоци на лавја канџа персонифицирани преку стоп светлата. Ваквиот приод даде сосема нов потпис на целината. Сега 3008 не е само привлечен туку буди страст на која ретко кој може да остане ладнокрвен! Кога ќе се погледне во внатрешноста се добива ист впечаток. Просторот и распоредот се исти но формите се дотерани, материјалите подобрени, а прекинувачите исполирани.

Веќе легендарниот е-Cockpit, по примерот на останатите нови модели на куќата, сега е тридимензионален, понудени се повеќе решенија и уредувања на интериерот со различните нивоа на опременост кои влијаат на позитивната атмосфера додека се престојува во кабината. На тоа на големо ќе допринесуваат најновите технологии за безбедност, конективност и забава. Нивниот список е навистина долг а изборот се поистоветува како кај поголемите модели на премиум марките. Од нив ќе ги издвоиме уникатната за компактната класа на спортско-корисни Night Vision која детектира пешаци и животни ноќе или во услови на намалена видливост на растојание од 200 до 250 метри што е подалеку од дострелот на сноповите на долгите светла. Инфра црвената слика се прикажува на централниот дисплеј. Тука се вбројува плејада на останати безбедносни системи како што е адаптибилната контрола на крстосувањето, одржувањето на лентата на движењето, последната генерација на автоматското сопирање со препознавање на пешаци, велосипедисти при ден и ноќ со опсег на функционирање од 5 до 140 км/ч! Паметните телефони и брзиот прием на информации се интегрален дел од нашето секојдневие. Нив може да ги прочитаме на централниот дисплеј, телефоните може бежично да се полнат а забавата во кабината да се зголеми преку високо квалитетниот аудио систем. Покрај дизајнот и опременоста се уште силна улога игра моторизацијата која е богата.

Повеќе од јасно е дека времето на дизелите не е поминато. Нив во понудата ги има преку популарниот четири цилиндерски 1,5 литрен BlueHDi впарен со осум степена автоматска трансмисија. Бензинците ги застапуваат трицилндерскиот 1,2 Pure Tech so 130 коњи и со еден цилиндер повеќе 1,6 PureTech со 180 коњи. И двата може да се добијат со автоматиката како кај дизелот. Електрификацијата игра пресудна улога кај сите модерни производители, а Peugeot е еден од нив. На самиот почеток понудени се две изведби со плаг-ин хибридни системи. Базирани се модуларната платформа ЕМР2 имаат мулти линк потпирање на задната оска кое креира одличен баланс помеѓу комфорот и возните својства. HYBRID4 300 e е верзијата со погон на сите тркала со електрична автономија од 59 километри. Синергијата на работата на електро моторите и  моторот на внатрешно согорување испорачуваат 200 КС. Погонот на сите тркала е можен и во потполно електричен модус на работа бидејќи има два електро мотори сместени напред и на задната оска. Посилната верзија има 225 КС и погон само на предните тркала. Тоа е тандем на PureTech бензинец од 180 коњи и електричен мотор впарен со осум степената автоматска менувачка кутија. Литиум јонската батерија од  13.2 kWh е достапна со две стандардни солуции на полнење со 3,7 киловатен полнач како стандарден и опционалниот од 7,4 kW кој е способен да ја наполни батеријата на стандарден приклучок за 7 часа. Според увозникот на Peugeot рестилизираниот 3008 во регионот што го покрива Еуроимпекс ќе се промовира во почетокот на идната година, а цените ќе се објават тогаш.