Peugeot со е-Expert електричниот комби

Новитети

Peugeot со е-Expert електричниот комби

Наредната генерација доставни возила веќе е пред нас

Објавено на 18 мај 2020 година

Peugeot иако нема потреба од тоа, повторно ја докажува својата големина. Неуморно и прецизно ја следи својата амбиција целосната своја гама да има во електрична верзија. Така после 208 и 2008, на пазарот пристигнува и електричниот Expert. Со тоа клиентите кај еден ист модел ќе имаат можност да избираат помеѓу конвенционални и електрични мотори, затоа што моќта на изборот е моќта на брендот. Удобен и практичен за сите услови и работни места, со голем товарен простор, работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологија и робустен дизајн, новиот е- Expert овозможува и неограничен пристап до сите делови во градот, па дури и во центарот каде што метежот е поголем и а достапноста помала. Peugeot e-Expert е совршен пример за чувството на задоволство при можноста за избор. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу 2 нивоа на автономија кои нудат опсег до 330 km (WLTP), 3 должини, максимална носивост до 1.275 kg и товарен простор кој е идентичен со верзијата кај моторите со внатрешно согорување.

Плус на тоа, новиот Peugeot е-Expert нуди 3 режими на возење – Еco (60 kW, 190 Nm) за автономија, Normal (80 kW, 210 Nm): оптимално за секојдневна употреба и Sport (100 kW, 260 Nm) кој ги оптимизира перформансите при транспорт на тежок товар. Со тоа ќе им овозможат на клиентите да изберат возило што одговара на нивните дневни потреби за возење. Новиот Peugeot e-Expert е првото електрично возило на марката кое нуди можност за 2 нивоа на автономија благодарејќи на капацитетот на литиум-jонските батерии кој е 50 kWh и 75 kWh. Верзиите Compact, Standard и Long кои се достапни со батеријата со капацитет од 50 kWh овозможуваат опсег до 230 km според WLTP, а кој сака може да ги избере и со батерија од 75 kWh со капацитет до 330 km, според WLTP. Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW. Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000 km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.

Новиот Peugeot e-Expert ќе биде достапен за продажба од декември годинава.

клучни зборови: ,