Peugeot :: Принудна пензија за 308 GT и GTi

Принудна пензија за 308 GT и GTi

Лоша вест и за љубителите на марката и за оние на лутите компактни модели

објавено на 15 април 2019 година

Со новата генерација, Peugeot ќе ги укине атрактивните GT и GTi верзии на 308. Официјално причината е нивното негативно влијание на просечната емисија на јагленород диоксид на ниво на целата гама на францускиот производител. Неофицијално Peugeot жали што ќе мора да престане да ги произведува 308 GT и GTi, чии последни примероци ќе бидат направени годинава, односно пред појавувањето на новата генерација на францускиот компакт. И двата модела за погон користат 1,6 литарски турбо-бензинец, кој во GT изведбата развива 225, а кај GTi 260 коњски сили. Емисијата на јагленород диоксид не им е така голема, но сé построгите еколошки норми се неумоливи и двата спортисти ќе ги испратат во пензија. Неправедно мора да кажеме, бидејќи тие навистина внесуваа свеж здив во компактниот GTi сегмент со кој владее Golf, кој сега дефинитивно ќе остане без било каква соодветна конкуренција.

https://images.carscoops.com/2019/03/4bf7c59c-2021-peugeot-308-rendering-0.jpg

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER