Peugeot на Mondial de l’Auto 2022

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Мудар настап со 408 како движечка сила

Peugeot како марка настапи многу мудро на Mondial de l’Auto салонот на автомобили во Париз – место да ги истакнува новитетите кои сега ги има, во прв план ги исфрли плановите за иднина. За нив лично се заинтересира и францускиот претседател Макрон кој го посети штандот на Peugeot, и кој од Карлос Таварес дозна дека компанијата подготвува 12 нови електрични модела.

Меѓу првите ќе биде и e-408, електричната верзија на новитетот на марката на салонот. Покажан виртуелно пред некој месец, овој купе-кросовер најавува повеќе отколку што изгледа. Не само што е прв ваков на Peugeot, барем во современата ера, туку и е подготвен да украде многу што од симпатиите на љубителите на марката и конкурентските модели. Скромноста во настапот за некои е доблест а за други маана, но факт е дека 408 ќе смени некои правила во пазарната игра не само кога француските автомобили се во прашање. Ја има таа предност што веќе може да се нарача по цена од 37.350 евра во Франција, а првите испораки ќе се случат на почетокот на идната година.

Со својот фастбек профил и високо подигнат заден дел без преседан ги крши сите правила на игра поставени не само од Peugeot. Откако го видовме во живо без размислување ќе кажеме дека силуетата на половина пат помеѓу седан и теренец дефинитивно ќе го привлече вниманието на купувачите, до толку што ќе ги загрози 508 а можеби и 3008. За да ја задржи цената во разумни мерки механичкиот избор на инженерите во добар дел е базиран на 308 и вклучува голем број компоненти од него. Но сето тоа однадвор е индивидуално спакувано во еден провокативен автомобил кој секако ќе ги предизвика емоциите.

Засега 408 ќе стартува со познатата моторизација која во скоро време ќе биде дополнета со електрична верзија како дел од планот што Таварес му го изложи на Макрон. Колку да не се прашувате, сите електрични модели што тој му ги спомна ќе бидат произведувани во Франција.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER