Peugeot најави нови електрични модели

Во наредните 2 години 5 нови електрични модели

На настан наречен E-Lion ден, Peugeot го најави прецизниот распоред за патот кон својата електрична иднина

Прецизно и конкретно – иднината на Peugeot е насочена кон три термини:

  • годинава секој модел во гамата ќе биде електрифициран
  • до 2025-та Peugeot ќе има стоотстотна електрична понуда
  • до 2030-тата сите возила на Peugeot што ќе се продаваат во Европа ќе бидат електрични

И не само тоа – се покренува E-Lion проектот со кој се дефинира пристапот кон електрификацијата како добро истражен одговор на потребите на светот што се менува. Тој треба да биде водечка филозофија за задоволување на овие потреби во следната генерација на возилата на Peugeot, но не е само за електрификацијата туку е холистички проект, пристап од 360° заснован на пет точки: екосистем, искуство, електрика, ефикасност и животна средина.

Сепак сé ќе започне со компактниот електричен SUV Е-3008 најавен за втората половина на годинава, кој ќе биде првиот модел кој ќе ја користи новата STLA Medium платформа на Stellantis групата. Ќе биде достапен со три различни погонски групи вклучувајќи и верзија со два електромотора и ќе има автономија до 700 km. Набргу после него ќе пристигне и нешто поголемиот Е-5008.

Но иако овие два модела се направени пред сé да бидат електрични, за да се премости јазот на купувачите ќе им бидат понудени алтернативни погонски решенија за оние пазари кои ќе заостануваат во поширокото усвојување на електриката. Нивната архитектура има флексибилност за сместување на хибридни погонски групи кои Peugeot ги најави во вид на нова линија мотори, засилени со 48-волтен благ хибриден систем. Сите модели – од 208 до 408 ќе бидат понудени со погонски склоп кој се состои од 1,2 литарскиот PureTech бензинец со 100 или 136 KS и шестстепен автоматизиран менувач во кој ќе биде интегриран електромотор од 29 KS. Peugeot тврди дека новите мотори ќе понудат подобрување на ефикасноста за 15 отсто бидејќи автомобилите опремени со нив 50 отсто од времето во градско возење ќе работат во електричен режим.

Ова е само мал дел од сеопфатниот E-Lion проект, за кој се кажа многу. За оваа прилика ќе издвоиме само уште дека во Peugeot очекуваат во иднина животниот век на електричните возила да биде 20 до 25 години наспроти сегашните 15 колку што траат возилата со мотори со внатрешно согорување.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER