Пекинг 2018 :: Škoda со нов SUV

Škoda со нов SUV

Ексклузивно за кинескиот пазар Škoda подготви нов компактен SUV
Објавено на 23 април 2018 година

Изгледа привлечно, ама не брзајте со посета на продажните салони на Škoda, – новиот SUV нема таму да го најдете бидејќи Kamiq е наменет само за Кина. Овој новитет во чешката гама ќе се смести непосредно под Karoq. Има многу слични димензии со него – долг е 4,39 а широк 1,78 метри, со меѓуоскино растојание од 2,61 метар. Позициониран е како градски SUV и ќе има за задача да ја удвои продажбата на марката на кинескиот пазар, која лани изнесуваше 325 илјади возила. Škoda KamiqЗа погон е предвиден 1,5 литарски бензински мотор со 110 коњски сили, во комбинација со петстепен мануелен или шестстепен автоматски менувач. Во ентериерот преовладува минималистички, дури и скромен дизајн. Тоа е заради цената која ќе стартува од околу 11.600 евра. Продажбата ќе му започне во јуни, а ќе се произведува во погоните на Shanghai-Volkswagen.

Škoda Kamiq

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER