Concorso d’Eleganza Villa d’Este (со видео) :: Парада на елеганцијата 2018

Парада на елеганцијата 2018

Објавено на 31 мај 2018 година

Пролетта е најубавото време од годината. Пределите околу езерото Комо пак, најубави на јужните падини на Алпите. Кога две вакви убавини ќе се спојат, веднаш се посакува и трета. А неа ја обезбедува најексклузивниот настан во светот на историските возила Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Се одржува уште од 1929 година и својот култен статус го стекна со строгите критериуми за избор на возилата што учествуваат. Сите се во перфектна состојба а голем дел од нив имаат и приказна со која нивните сопственици се гордеат. Нови причини за тоа годинава најмногу имаа Австријанецот Андреас Морингер со своето Ferrari од ’58-тата и германскиот музеј на мотоцикли од Некарсулм со десет години постариот Moto Major. Тие меѓу педесетината возила кои парадираа пред жирито ги освоија главните награди. Присутните уживаа во незаборавната атмосфера и вечната автомобилска елеганција, традиционално закитена и со некој современ примерок. Уживајте малку и вие.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER