Производството на Panda во Србија ќе доцни

Синдикатите загрижени

Новите бранувања во Stellantis не ја одминаа ни Србија од каде стигнуваат вести дека производството на Panda ќе доцни. Раководството на фабриката смирува дека се работи само за краткорочно одложување но работниците се загрижени. Нивното поранешно искуство кога повеќе време беа на принуден одмор отколку на монтажните ленти им дава причина да бидат скептични. Посебно сега кога италијанската влада е во отворена битка со компанијата на која ѝ замерува што го сели производството на автомобили во други земји. Според синдикатите пореална е проценката дека сериските возила ќе започнат да излегуваат од фабриката во Крагуевац при крајот на годинава или најдоцна до март, иако има и такви кои мислат дека Stellantis ја разгледува опцијата да ги вклучи и италијанските погони во игра. Ако е така тогаш е најзагрозено е производството на хибридната верзија на Grande Panda но и монтажата на електричниот Citroen C3 за која до скоро се сметаше дека е извесна. Вистината сепак е дека од Stellantis никогаш немаат прецизно објавено кога ќе започне производството на Panda во Србија ниту пак дали постојат планови за некој друг модел – сите такви информации ги пласираа политичарите.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER