Toyota Corolla Touring Sports

Останатите стој, Corolla напред!

Новиот караван на Toyota има 598 литри багажник и старо име
Објавено на 6 септември 2018 година

Почитувани, ова е „новата“ Toyota Corolla. Наводниците моравме да ги ставиме од две причини. Првата е дека моделот што го гледате е само караванска верзија на новиот Auris претставен во Женева пролетва, а втората не треба да ви ја објаснуваме бидејќи култното име Corolla добро го познаваат повеќе од 45 милиони купувачи ширум светот. Како и да е, отсега па натаму сé што од Toyota е од компактната класа ќе се вика Corolla, а овој каравански модел конкретно Touring Sports.

Но, да ја оставиме семантиката настрана – нека со неа се занимаваат маркетиншките стручњаци. Она што нас нé интересира е дека караванот кој први ќе го видат посетителите на салонот на автомобилите во Париз ќе се гордее со големиот багажник од 598 литри и меѓуоскиното растојание од 2.700 mm. За задоволување на ексцентричноста на обично конзервативните купувачи на оваа марка, овој модел и овој тип водила ќе биде понуден со четири биколорни комбинации на боја на каросеријата со црн покрив, додека другото ќе го наследи од сé уште на купувачите непознатиот Auris хечбек. А тоа се новата TNGA (Toyota New Global Architecture) GA-C платформа, најпространата задна клупа во класата и селекција од бензински и хибридни мотори со силина меѓу 117 и 182 KS. Дизелите засега не се споменуваат, барем не до крајот на годинава, кога Toyota Corolla Touring Sports ќе се појави во продажните салони.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER