Четврта генерација
Во својата нова генерација познатиот моноволуменец стана поумен, поголем, пофлексибилен
Објавено на 9 јануари 2019 година
Од Opel велат дека атрактивните, флексибилни и практични комби возила се именувани како Zafira. Дваесет години по успехот започнат со првата генерација, приказната сега продолжува со новиот модел. Opel Zafira Life е забавно за возење и удобно повеќенаменско возило кое германскиот производител ќе го понуди во три големини, според потребите на клиентите – од 4,60, 4,95 и 5,30 метри. Значајно е и тоа што секоја од нив доаѓа со по девет седишта. Најмалата, S-верзија на Zafira Life е околу десет сантиметри пократка од сегашната, додека пак L-изведбата е за цели 65 cm подолга и е голема речиси исто толку колку и Vivaro. Zafira Life на тој начин покрива три сегменти на возила и претставува нов репер меѓу MPV возилата со повеќе седишта.
Zafira Life ги задоволува сите барања – од различните ентериери, високиот комфор и софистицираните системи за помош на возачот до најмодерните инфозабавни системи и опрема. Напредните технологии се поврзани со типичните дизајнерски знаци на Opel, избалансираните пропорции и кратките превиси. Возачот и патниците имаат корист од дводелниот панорамски покрив и отворен прозорец на задната врата. За најдобри перформанси Zafira Life е опремена со напредниот IntelliGrip систем, а ќе биде понудена и во верзија со 4×4 погон обезбеден од теренските специјалисти на Dangel. Opel ќе понуди и чисто електрична верзија на почетокот на 2021 година, што ќе претставува уште една пресвртница на патувањето за електрификација на брендот.
Opel Zafira Life ќе ја има својата светска премиера на салонот на комерцијални возила во Брисел на 18 јануари, додека нарачките ќе започнат да се примаат од февруари.