Opel Zafira-e Life » За комфорни патувања без емисии

Новитети

За комфорни патувања без емисии

Поставувајќи стандарди за возилата со повеќе седишта, електричната Life изведба ќе се најде на врвот на понудата на Opel Zafira

Објавено на 22 јуни 2020 година

Иако беше пречекана со негодување заради својот комби изглед, истоимениот наследник на моноволуменската Zafira одлично се вклопи во понудата на Opel. Купувачите кои задоволно реагираа сега ќе имаат можност повеќе да го изберат вистинското што им треба – Life верзијата на Zafira ќе биде понудена и во електрична изведба. На располагање е со две големини на литиум-јонските батерии со капацитет од 75 или 50 kWh, кои овозможуваат автономија од 330 или 230 km. Електромоторот од 136 KS и 260 Nm максимален вртежен момент нуди сосема солидни перформанси, максималната брзина електронски е ограничена на автопатски 130 km/h, а може да влече приколка тешка до 1.000 kg.

Батериите се сместени во подот и не влијаат на расположливиот простор за багаж, кој зависи од изведбата. Opel ќе ја понуди Zafira-e Life во три должини, секоја прилагодена на потребите на купувачите и достапна со девет седишта. Опременоста на сите е солидна, над нивото во класата. Меѓу комфорните и практичните додатоци посебен акцент е ставен на седиштата – тие се кожени и поставени на шини лесно се подесуваат, склопливото седиште на совозачот овозможува превоз на предмети долги до 3,5 метри, предните седишта може да бидат со масажа и електрично загревани, а задните да се свртат едно према друго за поголемо уживање во дружењето при патувањата. Не се запоставени ниту безбедносните асистенти, а битно е и тоа што батериите имаат осумгодишна гаранција или 160.000 km. Нарачките за Zafira-e Life ќе започнат да се примаат ова лето.

клучни зборови: ,