Opel – Што кога батеријата ќе се расипа?

Занимливости

Проширен центарот за батерии

Opel го ажурираше својот центар за батерии во Руселсхајм.

објавено 26. март 2021

Паралелно со растечката понуда на електрични автомобили Opel размислува како да ги задоволи купувачите на електричните возила со подобрена и проширена сервисна услуга. Во рамките на главната фабрика веќе 10 години функционира таканаречениот „Центар за обнова на батерии“, сега значително проширен и модернизиран. Сите вработени сега се обучени за високонапонско ниво 5, а експерти се грижат за случаи кои неможе да се решат во стандардните сервиси на марката ширум Европа. Таму се тестираат сите модели на Opel на платформата eCMP (моментално Opel Corsa-e и Mokka-e), како и Combo-e, Vivaro-e и Zafira-e Life, и ако е потребно, се вршат специфични поправки. Доколку се расипа батеријата тогаш целиот пакет батерии доаѓа во Руселсхајм. За возврат, клиентот веднаш добива замена на батеријата. Неисправна батерија може да се отвори само во центарот за батерии каде неисправната ќелија се менува и целосно ефикасната батерија се испраќа до складиштето како батерија за замена.