Opel – Rocks-e

насловна Новитети

Ami Rocks!

Во дресот на Opel Ami ќе се натпреварува во Бундес лига како Rocks-e

објавено 27. август 2021

Кога се спојуваат доброто и корисното резултатот е неизбежен. Градскиот концепт за електричен превоз беше пречекан со ентузијазам посебно поради атрибутите со кои е најавен.

Малото лесно возило со четири тркала развива максимална брзина од 45 км/ч, може да го управуваат и 15-годишници со положена А категорија и чини помалку од 7.000 евра! Ова го прави пригоден не само како замена за скутер туку и возило кое лесно ќе се снаоѓа во разни урбани сценарија. Концептот познат како Ami на сестринската компанија Citroën комбинира и едноставни и паметни идеи.

На пример, левата и десната врата на двоседот се апсолутно идентични но се отвораат во различен смер. Исто така, има идентични делови од предната и задната страна. Германската верзија се вика Opel Rocks-e и ги има истите пропорции како донаторот. Долг е само 2,41 метри и тежи 475 килограми. Возилото стандардно е опремено со панорамски стаклен покрив во трите варијанти на опременост.

Батеријата од 5,5 kWh овозможува опсег до 75 километри и може да се наполни до 100 проценти за околу три и пол часа преку нормален приклучок за домаќинство. Rocks-e ќе биде достапен за нарачка во Германија од есен преку Интернет и во директна продажба во избрани дилерски места на Opel. Од следната година планирано е проширување на дополнителни пазари.