Визијата на Opel за иднината

Германскиот производител силно ќе настапи на салонот на автомобилите во Париз

Со две светски премиери предводени од концептот STX, Opel ќе им овозможи на посетителите на годинешниот салон на автомобилите во Париз да ѕирнат во иднината. Пред сé во иднината на технолошки напредни и визуелно впечатливи каравани каков што е визионерскиот концепт Sports Tourer eXperimental.

Накратко означен како STX, овој концепт претставува смела визијата на марката во која се комбинирани германската инженерска експертиза, емотивниот дизајн и интелигентните технологии на начин што на возачот и патниците им овозможува врвно уживање при возењето. Ја продолжува долгогодишната традиција на Opel како пионер во сегментот на каравани во Европа и јасно се надоврзува на Sports Tourer моделите. Тој го симболизира и следниот еволутивен чекор во дизајнерската филозофија на Opel, уште посмел, поелегантен, поемотивен и поефикасен. Тоа особено се забележува кај уште повпечатливиот Opel Vizor со светлосни анимации во закривените ламели, како и кај спуштениот заден дел и целокупниот дизајн на површините. Прецизните линии без видливи премини и карактеристичниот технички изглед дополнително го нагласуваат карактерот на возилото.

STX концептот дополнително располага со активен аеродинамички систем кој континуирано се приспособува на ситуацијата при возење. Подвижните елементи на задниот дел го оптимизираат струењето на воздухот, го намалуваат отпорот и ја подобруваат стабилноста. Така, тој не е само изложбен концепт кој претставува револуционерен дизајн со иновативни технолошки решенија туку ја најавува и еволуцијата на караванската каросерија и веќе содржи елементи што ќе ги видиме кај идните модели на Opel.

Нему друштво ќе му прави целосната гама високодинамични GSE модели. Кај Opel, GSE е кратенка за Grand Sport Electric, а токму овој дух на динамично возачко задоволство и впечатлив дизајн, во комбинација со германска инженерска експертиза. Во центарот на вниманието ќе биде новиот Opel GSE 27FE болид за формула-Е GEN4 за претстојната сезона, кој со повеќе од 800 KS го претставува врвот на GSE светот на Opel и за првпат ќе биде изложен во својата финална верзија.

Своето премиерно изложбено претставување ќе го има и Corsa GSE кој како спортски модел за секојдневно возење веќе е достапен за нарачки. Со моќност од 281 KS овој лут хечбек забрзува од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel.

За сите оние кои сакаат да го почувствуваат GSE духот, без оглед на тоа кој погон го претпочитаат, наскоро ќе имаат можност да го сторат тоа со новото ниво на опрема GSE Line кое ќе биде воведено на пазарот почнувајќи со Astra чија премиера исто така е закажана за Париз.

Гамата GSE ја заокружува Mokka која го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан на патиштата. Заедно со врвниот SUV со погон на сите четири тркала Grandland Electric AWD и достапниот семеен SUV Frontera Electric во верзијата со продолжена автономија), тој ја илустрира широката понуда на нови SUV модели со препознатливиот амблем.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER