Најпродаваниот SUV на Opel се закити со уште една награда – за најдобра дизајнерска иновација за 2025 година
На својата светска премиера на IAA Mobility во Минхен новиот Opel Mokka GSE предизвика заинтересираност и возбуда. Со својот модерен дизајн компактниот SUV импресионира не само како високоперформансен електричен автомобил, туку и со секоја своја верзија. Ова сега е потврдено од 14.000 читатели на германското автомобилско списание Auto motor und sport. На 25-тото доделување на Autonis наградите тие ја избраа новата Opel Mokka за најдобра дизајнерска иновација во 2025-тата во категоријата мали SUV/кросовер возила.
И тоа со јасна предност – 49,6 проценти од гласовите во оваа категорија односно вкупно 14.000 читатели ја дадоа својата поддршка оваа година за харизматичниот бестселер на Opel. Новата Mokka со тоа го продолжува успешниот Autonis пат на Opel – во 2022 година Rocks ја освои наградата, а следната година, читателите го избраа најпопуларниот мал автомобил во Германија Opel Corsa за победник во својата категорија. Во изборот годинава имаше 117 нови производи во 13 категории.
„Opel Mokka сега е уште посмела, поелегантна и поостра. Направивме промени на вистинските места за да го направиме бестселерот уште посигурен и попривлечен за нашите клиенти. Многу сме задоволни што читателите на Auto motor und sport се согласуваат и ја избраа Мokkа за најубавиот мал SUV. И можам да ветам – новата Мока GSE со своите возбудливи перформанси и дизајн ќе го натера срцето на јавноста да чукаат уште побрзо 0147“, изјави бренд менаџерот на Оpel Германија, Патрик Дингер.





