Opel – Manta GЅe

Занимливости

Уникатна преработка

Електрификацијата на олдтајмерите нов тренд

објавено 20. мај 2021

Со влегувањето на струјата како погон на иднината овозможи адекватна доработка и на култните модели. Тој тренд започна, каде ако не, во САД но полека ја зафаќа Европа. Како би можела да изгледа реставрацијата во модифицирана форма, во светот познат стил како Restomod, покажува Opel со уникатната Manta GSi. Manta GSe „ElektroMOD“ ја комбинира класичната форма на каросеријата со новото лице на марката Vizor и модерниот погон на струја. Со 147 КС, E-Manta дури и ги надминува вообичаените 100 kW резервирани за електричните автомобили на Opel. Литиум-јонската батерија на ревијалниот автомобил има капацитет од 31 kWh и на тој начин овозможува просечна автономија од околу 200 километри. Широк чист панел како во „Мока“ ги заменува класичните тркалезни инструменти во „Манта електромод“. На два интегрирани широки екрани ориентирани кон возачот со големина од 12 и 10 инчи се покажуваат важни информации за автомобилот, како што се состојбата на полнење и опсегот. Спортските седишта со централна жолта декоративна линијасе позајмени од Opel Adam S. Модернизиран е и аудио уредот кој пренесува сигнал преку Bluetooth изработен од легендарната марка Marshall.