Opel – Гром понуда

Македонија Новитети

Трилинг од ракав!

Трите верзии на Corsa во понуда кај Еуроимпекс и дилерската мрежа на Opel

објавено 30. март 2021

Шестата генерација на Opel Corsa е присутна на пазарот повеќе од една година, период во кого се докажа на меѓународната сцена. Ја понесе титулата AUTOBEST за 2020 година и се прошири низ Европа како шумски пожар. Означувајќи ја првата кампања за возилата Opel, новиот увозник за Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, нашиот Еуроимпекс, ја засилува понудата со трите изведби, на бензин, дизел и целосно електричната Corsa. Во центарот на вниманието е верзијата со бензински мотор со 75 КС во “EDITION” ниво на опременост по цена од 12.990 €! Понудата важи во дилерската мрежа на Opel во Скопје – „Аутомакедонија“ и  „Ауто Цем“ – Тетово каде можете во детали да го запознаете малиот џин од Руселсхајм и да закажете тест возење на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-baranje-za-test-vozenje.html.

За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа во Скопје – „Аутомакедонија“ и „Ауто Цем“ – Тетово.