Opel Grandland – Пристигна во Македонија!

Новиот Opel Grandland ја имаше својата македонска премиера

Грандиозен со својата појава, новиот кросовер на Opel гордо ги пречека присутните на својата промоција со сите свои новитети истакнувајќи ја новата 3Д генерација на Vizor маската со илуминирано лого и име на марката од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија и Welcome home анимација која креира wow ефект што го издвојува од околината. „Гранд“ ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуоскино растојание од претходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор. Чистиот дизајн преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од 0,28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња.

„Ние сме навистина горди на овој грандиозен C-SUV модел. Кога велиме грандиозен не мислиме само на неговите надворешни димензии. Грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација – грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Opel Grandland.“ – изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

Продукт менаџерот за Opel во Еуроимпекс Драган Јовев изјави: „Во Opel во моментот се залагаме да биде прогресивна и возбудлива германска марка. Новиот Opel Grandland скока нанапред вон своето време, созреан, просторен и премиум, достоен на своето име. Карактеристиките на моделот се изведени од столбовите на кои е поставен брендот се смелиот и чист дизајн, чистото кокпит искуство, германското тежнеење кон извонредноста и иновативноста. Со новиот Grandland целиме во срцето на горниот C-SUV сегмент нудејќи безбедност на традиционалните купувачи, простор и функционалност на семејствата и технологија и стил на прогресивните купувачи.“

Opel Grandland ќе ја стартува својата македонска кариера со хибридната изведба со 136 KS која со Edition ниво на опременост чини 32.990 евра.

 

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER