Opel Grandland PHEV – Во реалност далеку над WLTP нормата

Тимот задолжен за Grandland направи необичен тест кој покажа подобри резултати од официјално декларираните.

Верувајќи во технологијата што ја вградува во своите производи, тимот на главниот инженер Дирк Камински задолжен за Grandland, направи тест во реални услови на возење на моделот со приклучен хибрид.

Тој испорачува системски 195 КС, а електро-моторот ја храни батерија од 17,9 kWh, доволна да овозможи 87 километри без емисии на издувни гасови. Според WLTP овој модел може да помине вкупно 897 км. Иако нивно чедо, во тестот Grandland PHEV не беше мазен од неговите конструктори. Условите беа далеку од оние пропишани од актуелниот WLTP циклус на тестирање според кого вредностите се добиваат при атмосферска температура од околу 23оС. Возилото беше опремено со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пнематици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Целта беше јасна.

Требаше да се утврди колку километри Grandland PHEV може да помине со полн резервоар за гориво и потполно наполнета батерија. На почетокот на возењето регистрирани се 11оС што е далеку од идеално. Возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Руселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW и 350 Nm максимален вртежен момент, го помина со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel. Забележена е просечна брзина на движење од 80 км/ч и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4,6 литри на 100 км.

Новиот кросовер помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото помина нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 км на електрична енергија и без емисија на штетни гасови. Овој резултат се должи на комбинацијата на ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот кои работат во совршена хармонија. Секој пат кога се употребуваат сопирачките се случува регенерација на енергија и истата се користи за електрично напојување на погонот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии. Вака извршениот тест го претставува исползувањето на Grandland PHEV во реални секојдневни услови на возење. Тој покажа дека новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, па и како службено возило со кое може дневно да се поминат долги релации.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER