Нека биде светло!
Ревидираниот Grandland е првиот Opel со систем за ноќно гледање
Привилегијата да се има систем за ноќно гледање досега припаѓаше само во луксузната класа возила. Благодарение на Opel сега таа е достапна кај компактниот Grandland. Aнтиципативниот Night Vision систем за ноќно гледање внимателно ги обединува работењето на Intellilux светлата и инфрацрвената камера слеана со новото Vizor лице.

Инфрацрвената камера детектира луѓе и животни кои се наоѓаат до 100 метри пред Grandland во насока на движењето врз основа на нивната температурна разлика со околината. Штом Night Vision ќе детектира пешак, велосипедист или елен на страната на патот, ја покажува нивната позиција на 12-инчниот екран во дигиталниот кокпит.

Ноќното гледање во новиот Grandland делува во комбинација Intellilux светлата со вкупно 168 LED елементи кои обезбедуваат проточна шема на осветлување без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот. Матричната функција ги игнорира возилата кои доаѓаат од спротивната страна во рок од милисекунди, додека останатите области продолжуваат да бидат осветлени со целосно долго светло. Заедно, двата системи обезбедуваат двојна безбедност, претворајќи ја ноќта во ден и обезбедувајќи релаксирано возење во секое време, дури и при неповолни светлосни услови. Овој систем е достапен за Grandland Hybrid Plug-in изведбата со високо ниво на опременост.



