Еуроимпекс со гордост го прикажа новиот херој на урбаната џунгла
Во релаксирана и пријателска атмосфера Еуроимпекс не удостои со македонската презентација на Opel Frontera. За воља на вистината ние имавме чест со неа да се соочиме на првите тест возења што се случија кон крајот на ланскиот декември. На нив сега осетно смалената по димензии Fronterea се покажа како зрела за задачата која ѝ е доверена.
Таа е агилна на асфалтот, доволно просторна, но и стокмена за да одговори на повремените пориви за излети во природата. Тоа најдобро го покажува со шаторот кој се монтира на покривот, идеална солуција за куси кампувања вон урбаните средини. Двата изложени експонати, едниот во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другиот во Edition ниво на опременост, со впечатлив и необичен дизајн на Khaki зелена боја, бел кров, плус за дополнителен ретро шмек, челични тркала во бела боја.
Она што не го дознавме во Шпанија нè изненади во Македонија. Новата Opel Frontera се нуди со почетна цена од 21.000 € за Edition Ниво на опременост и 110 КС во HYBRID верзија и автоматски менувач со електрична паркирна сопирачка. За доплата од 1.000€ на оваа опрема се добива и кожен управувач, наслон за рака, 10” екран во боја со навигација, 1300 камера за возење наназад и безжичен полнач за телефон! Новата Frontera може да биде и електрифицирана, што ја прави поефикасна и во исто време погодна за секојдневна употреба. На пример, целосно електричната Frontera Electric со моќност од 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh (употреблив капацитет) може да помине до 305 km (според WLTP) со едно полнење. За да се наполни батеријата до 80% од капацитетот потребни се само 26 минути на станица за брзо полнење од 100 kW DC. А со верзијата со долг опсег, што ќе следи во иднина, ќе биде можно да се поминат до околу 400 km. Во продолжение ве потсетуваме на нашите импресии од тест возењето направено во Палма де Мајорка.
https://www.avtomagazin.com.mk/vozevme-opel-frontera-12-hybrid-gs/
https://studio.youtube.com/video/AYQAsC3OoHo/edit


