Претстои подмладување
Corsa ќе има усогласен изглед со останатите модели од Руселсхајм пропратено со ревидирани погони и умерени хибриди
Еден од најпродаваните мали автомобили во Европа ќе претрпи измени кои се задолжителни кога моделот ќе ја достигне средината на животниот век.
Сега предницата ќе биде во согласност на препознатливото лице на брендот „Vizor“, а името ќе биде поставено централно на задната врата. Ќе се следат и новите групациски трендови за моторизација.
За оваа пригода Corsa ќе добие нови електрични и хибридни погони. Corsa Electric, исто како француските братучеди, ќе биде достапна со помоќен мотор до 115 kW и досег зголемен на околу 400 километри. Како опција ќе биде достапен целосно дигитален кокпит со нова инфозабава и екран на допир во боја со големина до десет инчи.
Матричните светла Intellilux LED сега се уште попрецизни. Со ажурирањето на моделот, Corsa е првиот Opel со благ хибриден систем од 48 волти. Кај нив моторите од 100 и 136 КС се впрегнати со нов менувач со двојна спојка.


